Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер беше поразен од Пабло Андухар во осминафиналето на турнирот во Женева со 6: 4, 4: 6, 6: 4. Осмиот тенисер во светот не го криеше разочарувањето поради елиминацијата.
За освојувачот на 20 Гренд-слем титули ова беше прв натпревар на земја по повеќе од две години, против играч кој е специјалист во оваа област.
Искусниот 39-годишен тенисер од Базел по мечот истакна дека не успеал во клучните моменти од натпреварот.
– Очекував многу повеќе од себе. Не играв добро во клучните моменти на натпреварот. Организаторите беа многу среќни што дојдов овде да играм, но ги разочарав. Извинете“, рече Федерер.
Следниот турнир на кој ќе учествува Швајцарецот е Ролан Гарос, кој започнува на 30 мај.