Роџер Федерер се пласираше со тешкотии во финалето од Мастерс турнирот во Индијан Велс со награден фонд од 7,97 милиони долари.
„Федекс“ го победи Борна Чориќ со 5:7, 6:4, 6;4, откако забележа рекордна 17-та победа во 17 натпревари од почетокот на годината.
36-годишниот Швајцарец заостануваше со 2:4 во вториот сет, а во третиот допушти брејк за 3:4, но 21-годишниот Чориќ и на двата пати попушти под притисокот и пропушти две одлични можности да ја запише најголемата победи во кариерата.
„Периодот кога имаше предност од сет и брејк во беше тежок за мене“, призна Федерер по состанокот.
„Морам да признаам дека сум среќен бидејќи некако успеав да се преживеам во натпреварот. Мислам дека тој едноставно беше премногу нервозен во овие важни моменти, а и се разбира јас имав среќа“, рече уште Швајцарецот .
Негов ривал во натпреварот за титулата ќе биде Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, кој победи за малку повеќе од еден час против Канаѓанецот Милош Раониќ со 6: 2, 6: 3.
За 29-годишниот Дел Потро ова беше победа бр.400 во професионалниот тенис, а таа дојде благодарение на одличниот сервис на Аргентинецот. Дел Потро реализира 90 проценти од својот прв сервис, а освен тоа направи брејк при 4 од 5 можности во натпреварот.
Дел Потро веќе одигра еден финален натпревар во Индијан Велс во 2013 година, кога изгуби против Рафаел Надал. Неговиот скор против Федерер исто така не е многу охрабрувачки – само 6 победи во 24 натпревари.