Федерер се појави во САД, доби овации од навивачите (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Роџер Федерер е еден од главните организатори на Лејвер Купот, но малкумина очекуваа дека тој всушност ќе се појави во Бостон за време на турнирот.

Не беше најавен, но сепак се појави, иако неодамна имаше операција на коленото, пристигна во САД и ги изненади не само присутните навивачи, туку и играчите.

Полните трибини на оваа сала го поздравија освојувачот на 20 Гренд слем титули кој се обидува да ја најде оптималната форма за следната сезона. Навивачите станаа и со аплауз го поздравија еден од најдобрите тенисери на сите времиња, кој на крајот и самиот стана.

Федерер за „Си -Ен -Би -Си“ истакна дека Лејвер Купот се организира како еден вид забава и пауза од официјалните натпревари. Светскиот тим и Европскиот тим играат на овој турнир, и невообичаено е другите играчи да можат да бидат во улога на тренери и да седат на клупата.

„На патување во Шангај со Тони Годсик, дојдовме да направиме нешто за наследството и да вклучиме млади играчи, да учиме од најдобрите, како Џон Мекинро и Бјорн Борг. Род Лејвер беше херој за многумина од нас. Тој е голема легенда, двапати го освои календарскиот Слем“, изјави Федерер.

Очекувано, европскиот тим води по првиот ден со 3:1 во победи.

Слични содржини