Федерер се враќа? Еве каква работа би можел да добие легендарниот тенисер

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Холгер Руне, данскиот тенисер откри дека има голема желба Роџер Федерер да му стане тренер.

Откако Енди Мареј го засили стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ, се отвори темата дека во овие води би можеле да се пробаат и некои други играчи кои неодамна ја завршија кариерата.

Така се споменува Надал кога се работи за Карлос Алкараз, а Федерер во случајот со Руне.

– Искрено, не ми треба друг тренер во моментов, но јас сум голем фан на Роџер Федерер, па зошто да не! Иако, мислам дека во моментов не го интересира тоа – изјави Руне за „Тенис 365“.

Данскиот тенисер во последните години имаше проблем да најде адекватни соработници, па неколку пати раскинуваше со Патрик Муратоглу, а пред почетокот на новата соработка се договори со Ларс Крстенсен.

Во текот на кариерата работеше и со Борис Бекер, Северин Лути и Кенет Карлсен, но практично ништо не профункционира.

Слични содржини