Федерер се враќа на теренот

„Здраво, јас сум Роџер и навистина сум среќен што се враќам во Шангај за Ролекс Шангај Мастерс. Шангај отсекогаш бил посебно место за мене, со прекрасни навивачи, незаборавни спомени и вистинска љубов кон играта. Со нетрпение очекувам да ве видам на 10 октомври“.

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Светската тениска легенда Роџер Федерер се враќа на теренот и ќе игра во двојки на „Мастерс“ турнирот во Шангај во октомври, според светските медиуми.

Во видео објавено од организаторите на турнирот АТП Мастерс 1000, Швајцарецот рече: „Здраво, јас сум Роџер и навистина сум среќен што се враќам во Шангај за Ролекс Шангај Мастерс. Шангај отсекогаш бил посебно место за мене, со прекрасни навивачи, незаборавни спомени и вистинска љубов кон играта. Со нетрпение очекувам да ве видам на 10 октомври“.

Швајцарецот (44) ќе игра егзибициски во двојки заедно со актерот и филмски продуцент од Хонг Конг Дони Јен, со кинескиот актер Леи Ву и со поранешниот кинески тенисер Џанг Џие.

Последниот пат кога љубителите на тенисот го видоа Федерер во професионален натпревар беше во септември 2022 година на „Лејвер купот“, кога се соочи со Рафаел Надал во двојки во она што се покажа како негов последен натпревар за европскиот тим. Двајцата загубија со 6:4, 6:7(2), 9:11 од Жак Сок и Франсис Тиафо од Светскиот тим.

Слични содржини