Фејсбук и Твитер во борба против лажните вести од Велес

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Лажните вести на социјалните мрежи имале големо влијание во изборот на Доналд Трамп за претседател на САД а овие лажни вести, објавени и од велешките тинејџери, биле споделувани и по 250.000 пати.

zune-hd-facebook-twitter-featured-777x437
Влијанието било толку големо што Фејсбук и Твитер почнуваат сериозно да размислуваат на оваа тема и бараат начин да ги сопрат лажните информации кои се множат на нивните мрежи.

Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук, се обидува да го минимизира влијанието на оваа мрежа во победата на Трамп. Но, според сајтот Buzzfeed, некои од неговите соработници имаат спротивен став па така одлучиле да формираат неформална група за да ги проучат можните одговори на овој феномен. Феномен во кој улога игра и Македонија./Нова.тв