Фејсбук најавува дека во следните неколку недели ќе направи платформа на социјалната мрежа во Германија со цел да го намали бројот на лажни вести.

Западните медиуми забележуваат дека најавата на Фејсбук доаѓа во година кога Германија треба да одржи парламентарни избори.
-Важно ни е вестите кои се објавуваат на Фејсбук да биде точни, пишува на блогот на германската веб-страница на оваа компанија.
Германските политичари предупредуваат дека популистичките партии и странските земји може да ги употребуваат лажните вести како би влијаеле на исходот на изборите, кои треба да се одржат во септември или октоври годинава.
Во Германија е забележан пораст на говор на омраза откако во земјата влегоа повеќе од милион мигранти, а токму лажните вести поврзани со мигранти можат да влијаат на јавното мислење.