Социјалната мрежа на Фејсбук објави дека нашле грешка која им дозволила на апликациите да пристапат на повеќе од 5 милиони слики, пренесе Ројтерс. Тоа може да влијае на 6,8 милиони луѓе.

Компанијата објасни во блогот дека проблемот е фиксиран, но тоа може да влијае на 1.500 апликации создадени од 876 претприемачи.
Фејсбук вели дека некои апликации можеби имаат пристап до повеќе фотографии од вообичаено за период од 12 дена помеѓу 13-ти и 25-ти септември.