Фејсбук забрани интервју на Трамп: Содржина со неговиот глас „во моментов не е дозволена“

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

„Фејсбук“ го забрани на своите платформи емитувањето на интервјуто на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој го даде на неговата снаа Лара Трамп.

Портпаролот на „Фејсбук“, Енди Стоун изјави дека снимката од интервјуто спроведено од Лара Трамп не треба да се емитува на Фејсбук и Инстаграм бидејќи поранешниот претседател беше суспендиран на неопределено време на нивните мрежи, а по немирите на 6 јануари во Вашингтон предизвикани од неговите приврзаници, во кои имаше жртви, објави USA Today.

Лара Трамп е мажена за синот на Трамп, Ерик, и откако на Инстаграм објави дека ќе го емитува интервјуто, од Фејсбук добила е-пошта дека содржината со гласот на Доналд Трамп „во моментов не е дозволена на нивните платформи“.

„Фејсбук“ предупреди дека сите последователни коментари ќе бидат отстранети, а објавите со кои ќе бидат објавени слични најави ќе бидат ограничени.

Лара Трамп потоа го објави видеото на социјалната мрежа Rambl.

Слични содржини