Фелaини ја прекина кариерата во белгискиот национален тим

од Vlatko K
107 прегледи

Белгискиот фудбалер Маруан Фелаiни објави дека става крај на 12-годишната кариера вo
репрезентативниот тим. 31-годишниот поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед постигна 18
гола во 87 натпревари за Белгија и играше на два Мундијали, откако помогна на „црвените ѓаволи“
да завршат трети во Русија во текот на изминатата година.


„По 12 години во дресот на Белгија на највисоко ниво, решив да ја прекинам кариерата во
националниот тим“, пишува Фелаини на Твитер.

„Сметам дека сега е време да се откажам и да дозволам истовремено на следната генерација на
играчи да го продолжи овој успешен период во историјата на белгискиот фудбал. Имам некои
навистина неверојатни спомени … и сум многу горд на фактот дека Белгија е на врвот на светската
листа на ФИФА“, заврши тој.

Фелаини се приклучи на претставникот на кинеската Супер лига Шандонг Лунен во февруари,
откако помина пет и пол години на „Олд Трафорд“ во дресот на Манчестер Јунајтед. Тој го истакна
победоносниот гол во своето деби во Супер лигата против Пекинг Рене овој месец.