49
Фудбалерот на Атлетико и португалски репрезентативец Жоао Феликс не сака да се врати во Бенфика, бидејќи планира да игра за клуб од Премиер лигата, пренесува британски Сандеј Тајмс.
Феликс (24) пристигна во Атлетико во 2019 година од Бенфика. Минатата сезона ја мина како позајмен во Барселона, а за каталонскиот клуб на 44 натпревари постигна 10 гола.
Некои медиуми објавија дека Феликс би можел да се врати во Бенфика, но португалскиот фудбалер наводно изразил желба да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.
За играчот на Атлетико најголем интерес покажува Астон Вила.