Откако го привлече Ерлинг Халанд, Манчестер Сити сега планира да направи уште еден трансфер удар ова лето.
„Граѓаните“ сакаат да го привлечат напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, тврди „Си-Ен-Ен Португалија“.
На менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, наводно, многу му се допаѓаат квалитетите на 22-годишниот Португалец и е подготвен да работи со него.
Тој треба да ги замени Габриел Жесус и Рахим Стирлинг, кои се очекува да го напуштат „Етихад“ до крајот на преодниот рок.