Фенербахче го објави потписот на Шкриниар

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Фенербахче официјално го објави потписот со централниот дефанзивец на Пари Сен Жермен, Милан Шкриниар. 29-годишниот словачки интернационалец до крајот на сезоната ќе игра под водство на Жозе Мурињо на позајмица.

Шкриниар беше оставен на клупата на ПСЖ од тренерот Луис Енрике, откако во досегашниот дел од сезоната имаше само пет настапи и не играше од крајот на ноември минатата година.

„Многу сум среќен што сум овде. Се чувствувам одлично. Едвај чекам да бидам на теренот со соиграчите и со целиот тим. Испраќам мои поздрави до навивачите на Фенербахче. Го гледав последниот натпревар на нашиот стадион. Нашите навивачи се одлични. Како што кажав, едвај чекам да бидам на теренот и да го дадам максимумот за мојот тим“, изјави Шкриниар.

Фенербахче и Жозе Мурињо се доста активни на трансфер пазарот, клубот веќе привлече уште еден дефанзивец во форма на Диего Карлос од Астон Вила, а наскоро се очекува да пристигне и напаѓачот Андерсон Талиска од Ал-Наср.

Слични содржини