Турскиот гигант Фенербахче му нуди на капитенот Един Џеко продолжување на договорот за уште една сезона.
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина се пресели од Интер во овој турски тим во 2023 година и стана миленик на навивачите.
И покрај тоа што има 39 години и не е во врвна состојба, сепак е терор за противничките голмани. Тој е еден од најдобрите поединци во тимот на Жозе Мурињо, лидер на теренот и надвор од него.
И сето тоа беше доволно управата на истанбулскиот гигант и официјално да му понуди продолжување на договорот. Се подразбира дека ќе добие намалена плата, во согласност со неговите години, но не драстично.
Договорот на Един истекува на крајот од сезоната, а доколку реши да остане во Фенербахче и следната сезона, ќе инкасира уште три милиони евра.
Џеко моментално заработува 4,2 милиони евра во Турција, плус бонуси. Сезонава постигна 19 гола на 43 настапи, заедно со седум асистенции.
Со оглед на неговата репутација, сигурно е дека Џеко ќе добие понуди и од други клубови. Тој веќе еднаш одби да оди во Саудиска Арабија, прашање е дали и овој пат ќе го направи тоа.
Џеко претходно играше за Интер, Рома, Манчестер Сити, Волфсбруг, Теплице, Усти над Лабем и Жељезничар.