Германија постави неколку рекорди на воведниот натпревар на Европското првенство. Бундестимот ја совлада Шкотска со 5:1 и со тоа ја забележа најубедливата победа во првиот натпревар од европските првенства.
Домаќините беа мајстори на теренот и не му оставија никакви шанси на противникот, а уште еднаш се истакна диригентот во средниот ред Тони Крос, кој запиша уникатен меч.
Ветеранот правеше што сакаше на теренот и подели вкупно 102 додавања, од кои 101 биле прецизни.
Ова е најдобрата стапка на успех за играч со повеќе од 100 додавања на натпревар од Европско првенство откако се води ваква статистика – од 1980 година.
Неговото единствено додавање кое не стигна до германски соиграч беше во второто полувреме кога Џон Мекгин пресече една топка пред шеснаесетникот на Шкотска.
Пред паузата, кога беше решено буквално се на мечот, Крос имаше 100 отсто успешност на додавања.
Со оглед на формата на 34-годишниот играч, неговата одлука да ја заврши кариерата по завршувањето на првенството изгледа се понеобјаснива.
Уште една интересна статистика е поврзана со најубавиот гол на вечерта – оној на резервистот Никлас Фулкруг за 4:0.
Напаѓачот изведе жесток удар во вториот дел и се покажа дека топката ја „скинала“ мрежата на Ангус Ган со импресивни 110 км/ч.