Ферари ќе го покаже својот тркачки автомобил за 2020 година на 11-ти февруари. Автомобилот се очекува да има подобар баланс од овогодинешниот, што, сепак, ќе влијае на неговата првична брзина.
Тимскиот шеф Матијас Биното изјави дека механичарите посветиле повеќе внимание во аеродинамиката за да го совлада Мерцедес за која било од двете титули. Најстарата и најуспешна екипа во Формула 1 нема светски шампион од 2007 година, кога Финецот Кими Раиконен го освои трофејот.
Биното додаде дека во моментот шасијата поминува „краш“ тестови, додека моторот претрпува големи промени. „Немавме најдобар автомобил во 2019 година, затоа не можеме да бидеме фаворити во 2020 година. Шампионите утврдуваат колку е високо поставена границата, а тие на крајот го имаа и најбрзиот автомобил. Ние сме само претенденти“, рече тој.