Ферари со најагресивен избор на гуми за јапонското ГП

од Vlatko K

Ферари направи најагресивен избор на гуми за Големата награда на Јапонија, избирајќи најмногу суперсофт колекции.

Италијанскиот тим се обидува да направи пресврт во шампионатот и да ги стигне конкурентите од Мерцедес, и посака по десет комплети од меките гуми, кои се достапни за тркачкиот викенд на „Сузука“.

Па така, Себастијан Фетел и Кими Раиконен останаа само со два сета на меки гуми и еден – медиум.

Спротивно на тоа, Мерцедес ќе се потпре на седум комплети суперсофт за Луис Хамилтон и Валтери Ботас, четири групи на меки и два сета медиум.

Агресивната селекција на Ферари е на другиот пол во споредба со изборот на Мекларен. Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн ќе можат да се потпрат на по четири сета од меките суперсофт мешавини, по пет сета софт и по четири комплети медиум.

Слични содржини