Ферари со нов дизајн на болидот за ГП на Јапонија

од Vlatko K

Ферари ќе претстават нов дизајн на своите автомобили утре пред почетокот на тркачкиот викенд за ГП на Јапонија. Тој ќе се задржи до крајот на сезоната 2018. Промените се поврзани со нова иницијатива помеѓу тимот и главниот спонзор Philip Morris International.

Компанијата за цигари работи со „Скудерија“ приближно 40 години, но присуството на брендот на болидот е доста ограничено во последните години поради забраната на реклами за цигари на болидите во Формула 1, воведена од 2007 година.

Се уште не е јасно до кој степен ќе бидат ребрендирани болидите, но Autosport тврди дека новите реклами ќе бидат на трите клучни локации од болидот – над моторот, на носот и на задното крило.

Иако новиот дизајн е поврзан со Philip Morris, на болидот нема да бидат промовирани никакви марки и производи на компанијата. Наместо тоа новите бои ќе ја одбележат промената во активностите на бизнисот и поконкретно во областа на науката, технологијата и иновациите.

Претходно оваа година, Philip Morris го продолжи своето партнерство со Ферари до 2021 година.

Слични содржини