Ферари тивко прават тест на електричен хибрид

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Пред две години, Серџо Маркионе ја нарече смешна идеја дека Ферари може да работи без агресивниот крик на 12-цилиндричниот мотор. Денес, сепак, реалноста е поинаква.

Шефот на „црните коњчиња“ призна дека компанијата многу тивко (буквално) тестира хибрид, кој работи без звук, на патеката крај фабриката Маранело. Ова може да биде уште еден пример за тоа како технологијата од Формула 1 ги менува изгледите во автомобилизмот надвор од патеката

Видео на Јутјуб минатиот месец покажа автомобил кој тивко тргнува и крева брзина. Додека Ферари нема намера да произведе целосно електричен автомобил пред 2022 година, компанијата развива модели кои ќе ја демонстрираат „целосната моќ на електричната енергија“, рече Маркионе.

Следната година, Ферари ќе почне да ја имплементира технологијата во спортските автомобил, првиот од нив ќе може да вози целосно на електрична енергија на долги патеки.

Хибридниот мотор наскоро ќе биде опција за сите нови модели. Маркионе вели дека ова ќе биде најбрзиот погон на 4×4 на пазарот.

Слични содржини