38
Владата на седница го одобри назначувањето на Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), објавија медиумите на албански јазик пред неколку денови.
Ферати, според информациите, имал долгогодишно искуство во рамките на Агенцијата за национална безбедност, каде што извршувал разни одговорни позиции, придонесувајќи за развој и спроведување на безбедносни политики на национално ниво.