Фердинанд: Често го задевавме Роналдо, тој беше на работ на малтретирање во Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
45 прегледи

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд откри како тој и неговите соиграчи го исмевале младиот Кристијано Роналдо поради неговиот број 7.

„Се расправавме со него за дресот со број 7 затоа што очигледно го прифати тоа знаејќи ја историјата со Бекам. Му рековме: „Вистинскиот број 7 е Бекс“, кога беше нерасположен ќе ги изгубеше нервите. Често го задеваа. Тој беше многу помлад од нас во тоа време – можеби беше на работ да биде малтретиран, но тоа беше едноставно обид да го зацврстиме, да ја развиеме неговата издржливост“, рече Фердинанд на својот поткаст.

Минатиот месец Фердинанд откри дека како млад Роналдо за малку ќе заплачел кога ќе загубил на пинг-понг.

Роналдо му се приклучи на Манчестер Јунајтед во 2003 година на 18-годишна возраст и веднаш го презеде дресот со број 7 кој претходно го носеа култни ликови како Џорџ Бест, Брајан Робсон, Ерик Кантона и Дејвид Бекам.

Слични содржини