Фердинанд кажа што треба да направи Јамал за да ја освои „Златната топка“

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Барселона ремизираше со Интер (3:3) на „Монжуик“ во средата во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а главна тема беше Ламин Јамал. Интер влезе силно во натпреварот и поведе со 2:0 по 20 минути, оставајќи впечаток дека Барселона може да го претрпи најтешкиот пораз оваа сезона.

Во тој момент на сцена стапи 17-годишниот Јамал, кој со брилијантен потег го врати својот тим во игра, а Барселона го израмни резултатот на 2:2 до крајот на првото полувреме. Јамал беше најдобриот поединец на Барселона на овој натпревар, демонстрирајќи многу високо ниво на форма. Неговиот настап предизвика реакции, меѓу кои се издвои коментарот на Рио Фердинанд, кој го издвои како водечки кандидат за освојување на „Златната топка“.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед изјави дека ако Барселона ја освои Лигата на шампионите оваа сезона, Јамал треба да ја освои Златната топка, без оглед на тоа што Рафиња можеби има подобра статистика.

„Не познавам ниту еден фудбалер во моментов кој создава толку возбуда на секој натпревар со својата игра. Ако Јамал направи разлика во реваншот против Интер и во финалето на Лигата на шампионите, тогаш немам сомнение дека тој мора да ја освои „Златната топка“, рече Фердинанд.

Водителот потсети дека Јамал го освои Европското првенство со Шпанија минатото лето кога имаше само 16 години, но истакна дека оваа сезона игра на уште повисоко ниво и постигнува голови во секоја фаза од нокаут рундата на Лигата на шампионите.

„Ако направи разлика во полуфиналето и финалето на Лигата на шампионите, можеме ли да го видиме како сериозен кандидат за Златната топка?“ праша Фердинанд.

„„Ако го направи она што го кажавте, тогаш без сомнение ја заслужува Златната топка. Тоа би ги замолчило и луѓето кои се повикуваат само на статистика – не е само тоа она што ја прави оваа игра. Не е сè во бројките, има многу во тоа како некој игра и што прави на теренот, и каква магија создава. Единствениот што го прави тоа во моментов е Јамал“.

Утре, Барселона гостува кај Ваљадолид во Ла Лига, каде што победата е императив во трката за титулата, додека реваншот против Интер е закажан за вторник на стадионот „Џузепе Меаца“.

Слични содржини