78
Поранешниот дефанзивец на Англија и Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, изјави дека „црвените ѓаволи“ продолжуваат да бидат поголем клуб од новиот шампион Ливерпул.
„Црвените“ се изедначија со своите најголеми ривали по титули, при што двата клуба сега имаат по 20.
Веднаш по освојувањето на првото место во Премиер лигата, друг поранешен дефанзивец на Јунајтед, Гари Невил, се пожали дека Ливерпул сега е поголем клуб.
Сепак, Фердинанд одби да се согласи.
„Ливерпул е најуспешниот клуб во земјата, но не е најголем. Тоа е факт! Каде и да одите во светот, ќе видите дека навивачите на Манчестер Јунајтед се повеќе од навивачите на Ливерпул. Секако, тоа ќе се промени ако тие продолжат да бидат успешни, а Јунајтед не“, прокоментира Рио Фердинанд.