Алекс Фергусон, поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, призна дека имал улога во враќањето на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“.
Шкотскиот тренер, кој се пензионираше во 2013 година, даде изјава за „Вијаплеј“ пред натпреварот со Њукасл.
„Возбуден сум како и сите, ден пред натпреварот имаше такво исчекување, и утрово кога се разбудивме. Зборувам во име на сите навивачи, ова е голем ден за Манчестер Јунајтед“, изјавил Фергусон.
На прашањето дали има удел во враќањето на Португалецот во клубот, тој рече дека секој имал своја задача.
„Многу луѓе беа вклучени и јас придонесов за тоа знаејќи дека Кристијано навистина сака да се врати и тоа е важно. Се беше направено добро. Не би рекол дека сум емотивен, но за мене тоа е возбуда и олеснување како испадна се на крај, бидејќи не можев да замислам дека би заиграл за Манчестер Сити, мислам дека никој не можеше да замисли такво нешто. Затоа преземавме чекори за да се осигураме дека тој ќе се врати тука и клубот го следеше сето тоа. Разговарав со Глејзерс и тоа беше направено. Мислам дека тој ќе има влијание особено врз младите играчи и има искуство да се справи со целата ситуација“, заклучи Фергусон.
Sir Alex Ferguson speaks exclusively to #Viaplay and @tfaxoe about the return of @Cristiano to @ManUtd #MUFC #Tv3sport pic.twitter.com/8027uRuCLT
— Niklas Lind (@Niklas_Lind) September 11, 2021
Фото: Matthew Lewis/Getty Images