Фернандеш доживеа сообраќајна несреќа ден пред дербито со Ливерпул

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш денеска доживеал сообраќајна несреќа во која не е повреден, објавија британските медиуми.

Никој од учесниците во оваа несреќа не се здобил со сериозни повреди, пренесе британската агенција PA.

Јунајтед очекува 27-годишниот Фернандеш да тренира подоцна денеска пред натпреварот против Ливерпул во Премиер лигата.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед е закажан за утре од 21 часот на „Енфилд“.

Слични содржини