Фернандеш им се извини на навивачите: Ливерпул се бори за титулата, а ние не се бориме за ништо

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Една од ѕвездите на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш им се извини на навивачите на „црвените ѓаволи“ за поразот со 0:4 од Ливерпул на „Енфилд“ во дербито на Премиер лигата. Ова е втор голем пораз за Јунајтед од тимот од Мерсисајд оваа сезона, откако Ливерпул во октомври на „Олд Трафорд“ го совлада големиот ривал со 5-0.

Победата во вторникот вечерта му овозможи на тимот на Јирген Клоп привремено да го смени Манчестер Сити од првото место, додека Манчестер Јунајтед се оддалечи од целта за влез во Топ 4.

„Им се извинувам на навивачите. Тоа никогаш не е доволно, но тоа е се што можеме да направиме. Тие заслужуваат многу повеќе од нас. Мислам дека секој од нас даде 100% од себе и се потруди, но не одигравме доволно добро“, изјави португалскиот офанзивен играч за врска за Sky Sports.

„Ливерпул се бори за титулата, тоа е разликата. Ние не се бориме за ништо. Треба да погледнеме во себе и да се обидеме да разбереме што не е во ред“, додаде Фернандеш.

Слични содржини