Бруно Фернандеш, Скот Мектомини и Лук Шо денеска ги продолжија тренинзите со Манчестер Јунајтед и ќе му бидат на располагање на Ралф Рангник за реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Левиот бек ги пропушти натпреварите со Манчестер Сити и Тотенхем поради позитивен тест за коронавирус. Против Спарс не играше ниту Бруно Фернандеш, а образложението повторно беше дека дал позитивен резултат. Очигледно, сепак, неговиот тест бил лажно позитивен, откако Португалецот денеска се врати во тренинг базата.
Сличен случај имаше и со Давид Де Хеа, кој успеа да излезе против Тотенхем откако даде лажно позитивен резултат.
Причина за отсуството на МекТомни беше повредата на потколеницата од која Шкотланѓанецот веќе се опорави.