Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, на социјалните мрежи му се обрати на сега веќе поранешниот менаџер Ерик тен Хаг, по официјалното соопштение за заминувањето на Холанѓанецот од тимот.
„Благодарам за се, шефе! Ја ценам довербата во мене и заедничките моменти. Ти посакувам се најдобро во иднина”, напиша Фернандеш на својот Инстаграм профил.
„Дури и знаејќи дека последниот период не беше најдобар за сите нас, се надевам дека навивачите ќе се сетат на добрите работи што менаџерот ги направи за нашиот клуб“, додаде 30-годишниот играч од средниот ред пред приврзаниците на „црвените ѓаволи“.
Манчестер јунајтед загуби со 1-2 на гостувањето кај Вест Хем во натпреварот од деветтото коло во Премиер лигата во неделата и се наоѓа на 14-тото место на табелата со 11 бодови, 12 помалку од водечкиот Манчестер Сити.