Фернандеш: Роналдо има семејни проблеми, не знам дали ќе остане во Јунајтед

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека неговиот соиграч Кристијано Роналдо има семејни проблеми и додаде дека не знае дали следната сезона ќе игра во клубот од „Олд Трафорд“, пренесе „Мирор“.
Роналдо од лични причини не отиде со тимот на претсезонската турнеја во Тајланд и Австралија.

Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг се надева дека Роналдо ќе се врати во клубот пред почетокот на сезоната во Премиер лигата на 6 август.

„Не знам што им рекол Роналдо на клубот и тренерот. Не знам што му е во главата, дали сака да си оди, не го прашав тоа. Она што знаеме е дека има некои семејни проблеми и мораме да ја почитуваме неговата приватност, да му дадеме простор“, изјави Фернандеш.

Се смета дека Роналдо сака да игра за клуб кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Сепак, Манчестер Јунајтед следната сезона ќе игра во Лига Европа.

„Единствено што го прашав Роналдо е дали се е во ред со семејството. Тој ми кажа што се случува и ништо повеќе“, истакна Фернандеш.

Слични содржини