Фернандеш за Тен Хаг: Навистина е добар, сите се среќни

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Португалскиот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш стана следниот играч кој ги искажа своите впечатоци по првата недела од работата со новиот менаџер на тимот – Ерик тен Хаг. Играчот од средниот ред посебно го истакна интензитетот што Холанѓанецот го бара од своите пулени и колку се исцрпувачки тренинзите под негово водство.

„Тој сака интензивни тренинзи и очекува реакција кога ќе ја изгубите топката. Му се допаѓа секој што трча и сите се среќни поради тоа, очигледно е. Навистина е добар. На крајот од тренингот сите сме уморни, но тоа е добро и така треба да биде. Мораме да ја завршиме нашата работа сега за да бидеме подготвени за почетокот на сезоната. Сите сме свесни дека првите натпревари се чудни, но сакаме да ги добиеме. Мораме да го дадеме максимумот од тоа што Тен Хаг и персоналот го бараат од нас“, изјави Португалецот.

Тимовите обично ја користат претсезоната за да изградат добра кондиција и да работат на тактика, но за Манчестер Јунајтед, кој имаше катастрофална кампања според стандардите на тимот, ова лето е навистина важно под водство на новиот менаџер. Сепак, Фернандеш нема намера да ги потценува резултатите во контролите и сака задолжителна победа во првата контролна против Ливерпул денеска.

„Знаеме што значат овие дуели за навивачите. Очигледно ова е првиот меч на загревањето, но на кој и турнир да сакате да победите, мора да победувате вакви натпревари, така што пријателските не се ништо поразлични. Многупати сум кажал дека нема пријателски. Без разлика колку бодови се бројат и поминуваме низ различни фази на подготовка, но сакаме да победиме. Сакаме да бидеме во најдобра форма и да го правиме она што го сака менаџерот“, истакна Фернандеш.

Слични содржини