24
Шпанскиот кошаркар Руди Фернандез стана првиот играч кој настапил на шест Олимписки игри, откако настапи денеска на натпреварот против Австралија.
Фернандез (39) настапи на Олимписките игри во Атина 2004, Пекинг 2008, Лондон 2012, Рио де Жанеиро 2016, Токио 2020 и Париз 2024 година.
На Олимписките игри пет пати учествуваа Шпанецот Хуан Карлос Наваро, Теофило Круз од Порторико, Австралиецот Ендрју Гејз, Бразилецот Оскар Шмит и Аргентинецот Луис Скола.