Вработените во салон за луксузни автомобили во Палм Бич биле сведоци на драмата предизвикана од техничка грешка. За среќа жртва беше само лимот на најновиот модел на Ferrari Roma…
Иако последиците секако изгледаат скапи, можеше да заврши многу полошо бидејќи од италијанскиот спортски автомобил почна да истекува гориво. Пожарникарите од противпожарната и спасувачката служба пристигнале на местото на настанот и нивната прва работа била да ја исклучат струјата во зградата за да избегнат потенцијален пожар.
Инцидентот се случил во вторникот попладне во Ferrari во Палм Бич кога лифтот на автомобилот се оштетил додека Ferrari Roma се наоѓал на него.
Беа потребни околу четири часа за да се извади несреќниот примерок. Во целиот настан најважно – никој не е повреден.