„Фешта“ во Порто, македонските навивачи го окупираа градот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Порто го игра историскиот дуел против Португалија за пласман на Светското првенство.

Во полуфиналето од баражот нашите го елиминираа актуелниот европски првак, селекцијата на Италија, а од сонот ги дели уште еден чекор, најтежок, на стадионот „Драгао“.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски изминативе денови истакнаа дека не се плашат од Кристијано Роналдо и другите португалски ѕвезди, а навивачите на стадионот „Драгао“ ќе се обидат да им дадат ветер во грб.

Македонците од утрово ги окупираа главните улици на Порто и со песна и фешта го чекаат почетокот на натпреварот.

Слични содржини