Фетаи го напушти Таравари и порача дека нема да дозволи враќање на ДУИ

од Nikola Popovski
113 прегледи

Во порака упатена до членовите и поддржувачите на Алијансата за Албанците, вицепремиерот Арбен Фетаи нагласи дека партијата не е само политички субјект, туку движење кое брани непоколеблива кауза и идеал. Тој изјави дека стои зад секој член кој бара правда и не прифаќа враќање на ДУИ без соочување со вистината.

„Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило. Тие мора да се соочат со вистините што ги избегнуваа две децении. Не станува збор за поединецот. Станува збор за нашето колективно достоинство. Мојот глас е ваш глас. Гласот на Алијансата што не се предава, кој не се продава и кој не се плаши. Ние сме гласот на патот, а тој пат никогаш не поминува покрај Али Ахмети“, порача меѓу другото Фетаи во видео-обраќањето.

Фетаи ја осуди политиката на понижување и компромиси на сметка на достоинството на Албанците, потенцирајќи дека гласот на членството е јасен и упатен кон правда и чист пат.

Со ова, Фетаи стана третиот функционер од партијата кој ги напушта редовите на крилото на Таравари. Претходно истото го сторија екс-министерот Азир Алиу и актуелниот пратеник Салим Сулејмани, кој покрај партиската, се откажа и од пратеничката функција.

Вицепремиерот Изет Меџити уверува дека владиното мнозинството е стабилно и со заминувањето на Таравари имаат 13-14 пратеници. но сè уште го чуваат во тајност новиот предлог за челното место во здравство. Меџити открива дека течат преговори со дел од пратениците и членовите на Европски фронт да преминат во ВЛЕН. Очекува дека и останатото сопартијци на Алијанса за Албанците ќе останат во владејачкото мнозинство, бидејќи и тие се заслужни за победата и промените.

Слични содржини