Фетаи: Граѓанскиот сектор станува партнер во борбата против корупцијата во Северна Македонија

од Илинка Илиоска
13 прегледи

Владата на Република Северна Македонија, на предлог на вицепремиерот за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, ја усвои одлуката со која член од Граѓанското општество се вклучува во работата на Меѓуресорското тело за координација на антикорупциските активности.

-Во оваа насока, Советот за соработка на Владата и граѓанското општество ќе предложи член од здружение кое е активно најмалку 10 години во областа на превенцијата и борбата против корупцијата. Ова е важен чекор каде граѓанскиот сектор ќе го даде својот придонес во превенцијата и борбата против корупцијата, а не како досега кога граѓанското општество имаше само улога на набљудувач, се наведува во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот Арбен Фетаи.

Слични содржини