Фетаи на домашно лекување по синоќешната сообраќајка, поминала со полесни повреди

од Берта Китинска
397 прегледи

МВР и официјално ја потврди вчерашната сообраќајна несреќа во Топанско поле која учествувала  обвинителката Фетаи Фатиме.

-На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Македонско Косовска“ и ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.  Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, за „Локално“  информираат од МВР.

Од наши извори дознаваме дека Фетаи минла со полесни повреди и е пуштена на домашно лекување.

Слични содржини