Фетаи пратила мејл дека се повлекува од трката за шеф во Вишото јавно обвинителство

од Nikola Popovski
141 прегледи

Обвинителката Фатиме Фетаи се повлекла од трката за шеф на Вишото јавно обвинителство. Ова го изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски кој соопшти дека добил мејл со известување за повлекувањето.

– Добивме мејл, но официјална потврда или негација нема. Јас побарав да ми се јави, но се уште немам повратна информација, изјави Јолевски за МИА.

Изборот за шеф на вишото обвинителство требаше да се случи во понеделникот, но се одложи за следниот понеделник, односно за 21 ноември.

На огласот се пријавени уште двајца кандидати и тоа актуелниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и вишиот обвинител Бурим Рустеми.

Слични содржини