Фетел најбрз на првата тренинг-сесија во Сочи

од Vlatko K

Себастијан Фетел даде најбрзо време во првиот тренинг пред Гран При на Русија на патеката во Сочи.

Германецот е под голем притисок, бидејќи само со победа ќе ги задржи шансите за титула. Германецот е на 40 поени зад Луис Хамилтон, а до крајот на сезоната може да освои 150.

Фетел заврши пред Макс Верстапен и Хамилтон на тренингот. Тој беше со 0,330 секунди побрз од Хамилтон, но беше со побрзи гуми – суперсофт спрема соф.

Валтери Ботас беше четвртиот најбрз, на секунда пред Даниел Рикиардо и Естебан Окон кој пак беше побрз од второто Ферари на Кими Раиконен.

Кевин Магнусе, кој останува пилот на Хас заедно со тимскиот колега Ромеин Грожан и во 2019, заврши осми пред Нико Хулкенберг и Антонио Џовинаци, кој догодина го зазема местото на Маркус Ериксон во Заубер.

Слични содржини