Фетел преговара за договор со Рејсинг Поинт

од Stefanija Kuzmanovska

Себастијан Фетел, поранешен светски шампион во Формула 1 и возач на Ферари оваа сезона, е близу до договор за преселба во друга екипа во најбрзиот караван.

Како што објавија „Билд“ и „Скај Германија“, се верува дека тимот на Рејсинг Поинт, кој наскоро ќе го промени името во Астон Мартин, ќе му понуди договор.

Сопственикот на Рејтинг Поинт, Лоренс Строл, работи на ребрендирање на името на тимот за сезоната 2021, а се верува дека Фетел е тој што би бил среќен да се приклучи на тимот со седиште во Силверстон.

Сепак, не е јасно како тој ќе направи простор за Фетел во тимот, ако се има предвид дека првите двајца возачи се синот на Строл, Ленс и Серхио Перез.

Перез има многу поголема важност за тимот, бидејќи обезбеди значителни спонзорски пари, а беше еден од клучните играчи кој го иницираше процесот што му овозможи на Строл да го преземе тимот од поранешниот сопственик Виџај Малија.

Слични содржини