208
На денешната седница на Управниот одбор на ФФМ беа одредени цените на билетите за натпреварот од полуфиналето од Лигата на нации меѓу Македонија и Косово кој ќе се игра на 26. март на националната арена „Тодор Проески“.
Билетите за Јужната и Северната трибина ќе се продаваат по цена од 300 и 400 денари. Притоа, Фудбалската федерација на Македонија ќе обезбеди билети за навивачите на македонската репрезентација на Западната трибина од арената „Тодор Проески“, која ќе е исклучиво резервирана за навивачките групи.
Управниот одбор на ФФМ ги одреди и цените на билетите за натпреварот од квалификациите за ЕП меѓу репрезентациите до 21 година на Македонија и Израел. Цената на билет за дуелот кој се игра на 26. март на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе изнесува 50 денари.