ФФМ ги одреди цените за историскиот меч со Косово

од Aleksandar Petrovski

На денешната седница на Управниот одбор на ФФМ беа одредени цените на билетите за натпреварот од полуфиналето од Лигата на нации меѓу Македонија и Косово кој ќе се игра на 26. март на националната арена „Тодор Проески“.

Билетите за Јужната и Северната трибина ќе се продаваат по цена од 300 и 400 денари. Притоа, Фудбалската федерација на Македонија ќе обезбеди билети за навивачите на македонската репрезентација на Западната трибина од арената „Тодор Проески“, која ќе е исклучиво резервирана за навивачките групи.

Слични содржини