174
Покрај дојавите за бомби на скопскиот аеродром и хотелот „Александар палас“, закани пристигнале и на адресите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Националната арена „Тоше Проески“.
Во тек е евакуација на вработените, а полицијата е на терен и врши безбедносни и антитерористички проверки.
Ова е првпат да има закани за бомби во спорстки институции и објекти.
Вчера имаше информации за поставени бомби во 49 основни и средни училишта во Скопје и Куманово. Во Скопје 17 основни и 22 средни училишта добиле закани со бомби, а во Куманово девет основни училишта и едно средно училиште.
Сите беа утврдени како лажни.