ФФМ ја исплати рекордната премија за првото место во Лига на нации

од Vlatko K
81 прегледи

Фудбалската федерација на Македонија ја исплати рекордната премија во износ од 500.000 евра за
освоеното прво место на А репрезентацијата на Македонија во групата од УЕФА Лига на
нации. Раководството на ФФМ за пласманот во баражот за ЕП 2020 ја вети најголемата премија во
историјата на македонскиот спорт, а паричната награда ја поделија репрезентативците и стручниот
штаб.

Фудбалската федерација на Македонија ја исплати премијата за пласман во завршана фаза од
Лига на нации и со тоа поставивме стандард како ќе работиме и во иднина. Пласманот на ЕП 2020
година би претставувал остварување на сонот на оваа генерација македонски фудбалери и на
капитенот Пандев и соиграчите им посакуваме многу среќа во следните репрезентативни
предизвици. Со пласманот во завршната фаза од Лига на нации, репрезентацијата стигна таму каде
што и е местото и искрено посакуваме нов напредок. Благодарност до сите кои даваа поддршка.

Драго ни е што успеавме да ја вратиме насмевката на лицата на навивачите и се надевам дека
позитивната резултатска низа ќе трае и во иднина, изјави в.д. претседателот на ФФМ, Муамед
Сејдини за официјалниот сајт на федерацијата.

Македонија во полуфиналето од УЕФА Лига на нации ќе се соочи со Косово на домашен терен, а во
второто полуфинале Грузија ќе ѝ биде домаќин на Белорусија. Победниците од полуфиналните
дуели ќе играат меѓу себе во финале, на неутрален терен, за победа која гарантира пласман на
Европското првенство во 2020 година.