ФФМ за Тричковски: Насмевката која ќе недостасува

од Nikola Popovski
439 прегледи

За жал Горан Пандев и Игор Ангеловски не се единствените што заминуваат од македонската фудбалска репрезентација. Натпреварот со Холандија беше последен и за Иван Тричковски и Крсе Велковски.

„Насмевката која ќе недостасува во репрезентацијата на Македонија, но секогаш ќе биде инспирација!“, објавија од ФФМ, за простувањето на популарниот Тричко од репрезентативниот фудбал.

Тричковски, кој е еден од поискусните репрезентативци, за националниот тим одигра 64 натпревари и постина 7 голови. Тој во моментов е дел од АЕК Ларнака, и долго време е во овој тим, а во минатото играше за Црвена Звезда, Бриж, Легија, АПОЕЛ…

Тричковски постигна и погодок при 0-0 на натпреварот со Холанија, но истиот беше поништен заради недозволена позиција. Крсте Велкоски беше еден од ретките кои не добија шанса на првенството.

 

Слични содржини