Фиала: Честитики за Македонија и Албанија, иднината на ЕУ е со вас

од Берта Китинска
166 прегледи

Честитики за Македонија и Албанија за овој успех, иднината на ЕУ е со вас.Во денешна Европа мора да бидеме здружени што е можно повеќе, изјави премиерот на Чешка, Петр Фиала како претставник од чешкото претседателство со Советот на ЕУ.

-Чешка секогаш го поддржуваше проширувањето на ЕУ на Западен Балкан и тоа така и ќе остане. Почестени сме што ваков напредок се случува токму за време на нашето претседателство, но сепак мора да се заблагодариме и на француското претседателство за напорната работа и посветеноста, кои што ни дозволија да дојдеме до овој историски момент, истакна Фиала.

Слични содржини