“Фиатот” на папата Франциско продаден за 82 000 долари

од Марта Пешевска
97 прегледи

78E49369A8B3D6468D204D22CCF3DDE8

Автомобилот „фиат 500Л“ кој папата Франциско го користеше минатата година за време на посетата на САД, е продаден на аукција за 82.000 долари.

Мајкл Чепмен сопственик на синџир продавници во Филаделфија  e новиот сопственик на овој автомобил.Неговата малопродажна цена е 19.495 долари.

Овој „фиат“ беше еден од шесте автомобили кои папата ги користеше за време на посетата на Вашингтон, Њујорк и Филаделфија, а моделот 500Л се прозиведува во фабрика во Крагуевац, Србија.

Социјалните медиуми беше преплавени со цитати поврзани за автомобилот на папата.„Сакам папски ’фиат’“, напиша @charlesthomas. „Во ред … сега сакам ’фиат’… дали е тоа чудно? Лол! Папафиат!“ „Фиат 500Л“ – поголем од класичниот модел 500 – се продава за околу 20.000 долари во САД. Се смета за меѓународен, скромен, семеен автомобил, но забавно е да се вози и има по малку личен карактер.

„Фиатот“ на папата беше многу помал од автомобилите кои го придружуваа.Тој соодветстува на неговиот карактер и  познато  е дека избегнува луксузни автомобили и избира поскромни возења. Неговата прва папска посета беше со „фиат“, неговиот папамобил во Куба беше претворен во „пежо“, и познато е дека низ Италија се вози во „форд фокус“. Во Аргентина тој возеше стар модел „рено 4“, и доби уште еден од пријател кусо време откако се пресели во Ватикан. Изборот на папата на „фиат“ за неговата посета на САД имаше „совршена смисла“, смета новинарот на „Волстрит џурнал“ за автомобилизам.