Светската кошаркарска федерација (ФИБА) издаде соопштение по расистичкиот испад на навивачите на литванската репрезентација. Навивач расистички го навреди Денис Шридер, испуштајќи мајмунски крик.
„Инцидентот во кој учествуваше гледач кој вербално го навреди германскиот играч Денис Шридер се случи за време на полувремето од натпреварот на Европското првенство помеѓу Германија и Литванија во Тампере“, се вели во соопштението, додавајќи: „По непосредна проверка, обезбедувањето на арената го идентификуваше лицето преку снимки од видео надзорот. На ова лице му е забрането да присуствува на сите идни натпревари од Евробаскетот.“
ФИБА истакна дека го осудува говорот на омраза, дискриминаторското однесување и расистичкиот јазик во која било форма.
Снимките им ги достави на локалните агенции за спроведување на законот, а исто така ќе соработува со делегацијата на литванскиот тим за да ги информира за ситуацијата и да ги поддржи напорите за спречување на слични инциденти.
За потсетување, Германија ја декласираше Литванија со 107:88.