Словачка нема да го поддржи усвојувањето на 19-тиот пакет санкции против Русија сè додека Европската комисија не даде реални предлози за усогласување на климатските цели со потребите на автомобилската индустрија, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антони Кошта.
Тој нагласи дека нема да го поддржи воведувањето на нов пакет санкции сè додека ЕУ не презентира нов предлог за цените на електричната енергија во Европа, објави новинската агенција TASR.
Фицо рече дека не ја исклучува можноста некои од климатските цели на Европската Унија да се променат, доколку постои политичка волја.
Порано денес, ЕК објави дека е прерано да се каже кога ќе стапи на сила 19-тиот пакет санкции против Русија.
Портпаролот нагласи дека ЕК ќе продолжи со консултациите со САД и другите партнери во светот, но не даде дополнителни детали.
Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, претходно изјави дека новиот 19-ти пакет санкции се подготвува во тесна соработка со САД, додавајќи дека е потребно да се изврши притисок врз Русија и рускиот претседател Владимир Путин да ги прифатат условите за прекин на огнот.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека е подготвен да премине на втората фаза од санкциите кон Русија, како и дека поединечни европски лидери ќе ги посетат САД денес или утре за да разговараат за тоа како да се реши војната меѓу Русија и Украина.