Фицо: Поради закана од трета светска војна, Словачка ќе стави вето на влезот на Украина во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Премиерот на Словачка Роберт Фицо во интервју за „ИнфоВојна“ се изјасни против потенцијалното членство на Украина во НАТО и вети дека ќе го опструира тоа, сугерирајќи дека влезот на Украина во Северноатлантската алијанса ќе доведе до почеток на трета светска војна.

Словачкиот премиер изрази намера да го искористи правото на вето против ваквата одлука се додека, како што рече, „имам можност да влијаам на словачката политичка сцена“.

„Не е изненадувачки што партијата што го сочинува мнозинството во словачката влада не се согласува со членството на Украина во НАТО, бидејќи тоа би бил почеток на трета светска војна“, рече тој, додавајќи дека верува оти „тоа никогаш нема да се случи“.

Фицо напоменал дека својот став за приемот на Украина во НАТО блокот го пренел на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Слични содржини