Прекинот на транзитот на гас преку Украина за Европа ќе има последици за Европската унија, но нема да ѝ наштети на Русија, смета словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Ова (прекинот на транзитот на гас преку Украина) ќе има тешки последици за сите нас во Европската унија, но не и за Русија“, рекол Фицо во својата видео порака објавена на социјалните мрежи.
Според податоците на Европската мрежа на оператори на системи за транспорт на гас (ENTSOG), испумпувањето на руски гас на границата на Украина и Словачка во правец кон Австрија достигна нула.
Од 06:00 часот испумпувањето на гас на точката Ужгород-Велке Капушани, лоцирана на границата меѓу Украина и Словачка, изнесува 0 кубни метри на час. Транзитот на руски гас до Австрија преку Украина се вршеше преку Словачка.
Да потсетиме дека компанијата „Газпром“ остана без техничко-правната можност да испорача гас за транзит низ Украина. Поради истекот на договорот со Нафтогас Украина, рускиот гас нема да се испорачува од 08:00 часот по московско време на 1 јануари, соопшти претходно руската компанија.